Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Тасева: Корупцијата станува култура на однесување во Македонија

  • Објавено: 15.10.2014 14:47
  • Прочитано: 1710
  • Печати
Мирослава Бурнс

Претседателката на Транспаренси интернешенал - Македонија, Слаѓана Тасева, се согласува со американскиот амбасадор Пол Волерс, дека не е смешно, туку е тажно тоа што во Македонија во 2013 година, ниту едно лице не е осудено за корупција.


- Навистина е многу жално што немаме ниту една осуда за корупција, зашто ние имаме сериозен проблем со корупцијата, што е нотирано во сите меѓународни извештаи и никој тоа не го негира. Сите велиме дека имаме проблем со корупцијата. Нека е и 7 проценти бројот на граѓани кои кажале дека имале лично искуство со корупција, од 1.000 испитаници. И во таков случај, ние би требало да имаме барем 7 осудени лица за таква работа. Не треба да го занемаруваме проблемот и да ја криеме неефикасноста на институциите кои не работат на ефикасна борба, а таа се мери преку бројот на осудени лица. Нема ниту санкции за несразмерно богатење ниту за непријавување на имотни состојби, ниту конфискација на имот. Ние имаме нула ефикасност во борбата со корупцијата и затоа проблемот ни се зголемува, бидејќи луѓето се обесхрабруваат да пријавуваат и корупцијата станува култура на однесување во Македонија - вели Тасева. 


Таа додава дека Антикорупциската комисија има мандат да ги следи оние што се на власт и тоа треба да им е приоритет, а тие се занимаваат со поранешните функционери. 


- Не се занимаваат со она што ни се случува со „Скопје 2014“, со трите милиони за изборна кампања, со поткупот на гласачи. Тоа го прават зашто сакаат да си ги сочуваат столчињата а да земаат плати и да не работат ништо, зашто власта може да ги разреши, што е жално, зашто не покажуваат интегритет - додава таа. 


Во „Транспаренси интернешенал“ за 2 години пристигнале повеќе од 1.300 пријави од граѓани за корупција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо



/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>