- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
Чепкалката за заби - спас од непријатни ситуации
- Објавено: 26.12.2011 10:55
- Прочитано: 13912
- Печати
Секогаш е непријатно да ви се заглави мало парче храна меѓу забите. Можете да го почувствувате, ама не можете да го видите. И, кога сте помислиле дека на дискретен начин ќе го извадите, тоа едноставно не ви оди. Затоа е потребен план Б.
Во сите ресторани императив е, на масата да стои сад во кој има чепкалки за заби. Во поелитните ресторани тие се индивидуално спакувани со името и со логото на ресторанот. Денес дури се користат и мали држачи на кои е намоткан конец за заби.
Никој со сигурност не може да каже од кога датира навиката да се користи чепкалка за заби. Со векови високата класа користела чепкалки за заби изработени од злато, сребро или од драгоцени камења. Изгравирана чепкалка за заби било нешто без кое не можел да се замисли господин со добри манири на однесување. Во времето на прохибицијата, чепкалката станала заштитен знак на луѓето од подземјето.
Сепак, држењето на чепкалката во аголот од устата и не е баш некоја убава слика. Според современиот бон-тон, денес се избегнува чепкање на забите во јавност. Доколку тоа морате да го сторите, со едната рака покријте ја устата држејќи ја чепкалката со другата рака. Направете движења како да свирите на усна хармоника, но, најважно е да бидете брзи. Доколку ви е потребно повеќе време, посегнете по чепкалката и со извинување, заминете во тоалетот. Користете го крајот на чепкалката за да го отстраните непожелното парче храна. Внимавајте да не се повредите. Доколку на масата или во тоалетот има конец за заби, користете го и него. Пожелно е по чепкањето на забите да ја исплакнете устата со водичка за уста или со обична вода. Запомнете дека чепкалката е за еднократна употреба, затоа немојте да ја чувате.
Доколку забележите дека кај некого се заглавило парче храна меѓу забите, културно е да му кажете. Така и нему, а и вам, ќе ви биде попријатно.
Шамичињата ја бришат шарената насмевка
Рестораните секогаш не се погодно место каде е пристојно да се одржува соодветна хигиена на забите и на устата. И нормално, нема шанси да се пие макијато или винце со цевка! Затоа, за да ја избегнете шарената насмевка на сред вечера, проследена со виолетови усни и, најлошото, виолетови мустаќи, еве уште неколку совети за бела насмевка, за сите кои го сакаат кафето и виното:
- Купете средство за чистење на забите во форма на шамичиња. Пакувањето е тенко и погодно за во чанта или за во паричник, а е лесно и за употреба. Едноставно, извадете едно, навлечете го на прстот и исчистете ги забите. На крајот, исплакнете ја устата со вода.
- Тие, исто така, одлични се за отстранување на синилото од устите и од мустаќите.
Никогаш немојте да ги миете забите по пиењето вино. Виното само по себе нема да ги оштети забите, поточно глеѓта, но присуството на алкохол ќе предизвика нејзино размекнување. Користењето на четка за миење заби веднаш по консумирањето вино лесно може да придонесе за оштетување на глеѓта, што доведува до осетливост на забите. Ако сакате да имате кристално бели заби, консумирајте помалку црвено вино. Пребојувањето на забите е предизвикано од обоените молекули познати како танини, кои се апсорбирани од површината на глеѓта.
Црвено вино за здрави заби
Истражувањата покажуваат дека сепак, пиењето црвено вино е здраво за забите и за грлото.
Според некои нови студии, состојките на црвеното и на белото вино, познати како полѕпхеноли, ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат воспаление на непцата.
Неколку научни студии потврдуваат дека виното го намалува лошиот холестерол (лдл), а го покачува добриот холестерол(хдл).
Пиењето црвено вино се препорачува и затоа што една чаша дневно од оваа течност, штити од настинка.
Виното содржи голем број биолошки активни компоненти кои се добри за нашето здравје. Докажано е дека виното активно се бори против оралните бактериите стрептоцоццианд с. Пѕогенес .
Затоа подигнете ја чашата вино и наздравете за добро орално здравје во Новата година
Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција
КРУНА МС
ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2
1000 СКОПЈЕ
+389 2 3166919
krunams@t-home.mk
![]() Последни коментари (вкупно: 0) |
Прочитај ги сите коментари: |
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
-
Прва консултација со ортодонт
објавено: 07.05.2012 13:29
-
Што е ортодонција?
објавено: 02.05.2012 13:49
-
Секс-терапијата помага на сигурен начин
објавено: 26.04.2012 13:32
Проблемите поврзани со предвремената ејакулација, еректилната дисфункција, тешкотиите при постигнување...
-
Највозбудливи места за секс
објавено: 17.04.2012 14:26
Научниците сметаат дека до проблеми во врската и прекин, доаѓа или поради неверство на партнерот или поради...
-
Сексот - еликсир на младоста и убавината
објавено: 28.03.2012 13:11
-
Во ушите може да ѕуни и поради проблемите со темпоромандибуларниот зглоб
објавено: 26.03.2012 13:21
-
Имплантите помагаат за разубавување на насмевката
објавено: 20.03.2012 11:04
-
Полово преносливи болести
објавено: 14.03.2012 11:09
-
Староста не е пречка за убава насмевка
објавено: 13.03.2012 11:47
-
Здрави заби за цел живот
објавено: 05.03.2012 14:44
-
Бисерна насмевка на секоја возраст
објавено: 29.02.2012 15:04
-
Колку безбедни се рендгенските снимки?
објавено: 21.02.2012 13:06
-
Дозволени и забранети активности за здрави непца
објавено: 13.02.2012 13:50
-
Воспалените непца ги уништуваат забите
објавено: 30.01.2012 12:52
-
Безболни ласерски зафати на мекото ткиво
објавено: 16.01.2012 11:13
-
Нова насмевка со естетски корекции
објавено: 09.01.2012 12:06
-
Белеењето на забите им го враќа сјајот
објавено: 02.01.2012 10:32
-
За празниците сѐ нека биде умерено
објавено: 28.12.2011 11:57
Со мали прилагодувања на традиционалното прославување на Нова година и Божиќ можете да уживате во...
-
Чепкалката за заби - спас од непријатни ситуации
објавено: 26.12.2011 10:55
-
Естетската стоматологија создава волшебна насмевка
објавено: 19.12.2011 11:09
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318