Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Колку безбедни се рендгенските снимки?

  • Објавено: 21.02.2012 13:06
  • Прочитано: 14305
  • Печати

Секој пат кога одам на стоматолошки преглед, ми се чини дека стоматологот вели дека треба да направам рендгенска снимка. Колку често треба да правам такви снимки и колку тие се безбедни?

Пациентите честопати го поставуваат ова прашање, и тоа со потполно право. Рендгенските зраци имаат јонизирачко зрачење, што всушност значи дека навлегуваат во човечкото ткиво. Но, токму заради оваа карактеристика рендгенските зраци се толку важни во дијагностиката. Тие можат да навлезат лесно во меките ткива, како во кожата и во непцата, а потешко во тврдите ткива како коската и забите, и овозможуваат приказ на повеќе нијанси на сивата боја. Овие прикази се нарекуваат рендгенски снимки. Современите рендген апарати ослободуваат само занемарливо количество на зрачење, кое нема речиси никакво значење во однос на секојдневното зрачење од околината на кое сме изложени.

За подобро да ја разберете проблематиката околу рендгенското снимање и зрачење, најпрво малку наука: милисивертот (мСв), кој што го добил името според д-р Ролф Сиверт, кој ги тестирал биолошките ефекти на радијацијата врз човекот, е единицата мерка што се користи за споредување на разни дози зрачење од различни рендгенски извори. Со оваа единица мерка ја одредуваме ефективната доза на рендгенско зрачење, односно безбедносниот фактор на радиолошко зрачење на кој секој може да се изложи. Годишните степени на изложеност на зрачење од околината изнесуваат од 2 до 4,5 мСв или повеќе, доколку летаме со авион. Доколку ги споредиме овие износи со стоматолошките рендген снимки, истите се сосема безбедни. Просечната дигитална снимка на областа околу коренот на забот подразбира озрачување од 1 микросиверт (уСв), односно еден илјадити дел од мСв. Рендген апаратите ги сликаат само посочените точки од човековото тело и  рендгенските зраци не се шират и по остатокот од телото. Во нашата ординација, пациентите дури носат и оловна престилка за да се заштити остатокот од телото од овие зраци. Дигиталните панорамските снимки на сите заби во устата веќе подолго време се сметаат за златен стандард во стоматолошката рендгенографија.

Колку често треба да се прават рендгенографските снимки зависи од потребите на секој пациент. Стоматологот ја прегледува историјата на пациентот, усната празнина и забите, а потоа одлучува дали треба да се направат снимки и од каков тип. Во случај на нови пациенти, најчесто се препорачува дигитална панорамска снимка која има многу ниска доза на зрачење. Како што посочува името на оваа снимка, таа дава панорамски преглед на главата, вратот, вилиците, забите, зглобовите, синусите  и придружните структури. Со неа се прегледува здравствената состојба на сите структури и се користи за откривање на скриени и прикриени состојби за кои не се јавуваат симптоми (барем не до подоцнежните фази), како што се заболувањата на вилиците, забите и на непцата. Овие рутински прикази, направени со стандардна техника, му овозможуваат мноштво информации на стоматологот, во однос на заболувањата на забите и непцата (кои можат да доведат до загуба на коскеното ткиво). Откако стоматологот ќе ја процени здравствената состојба на пациентот, може да одлучи на колкави интервали рендгенската снимка треба да се прави, со цел истата да се следи.

Затоа што секое дете е индивидуа само за себе, потребата од ртг панорамикс снимка варира од дете до дете. Снимка треба да се направи само по извршениот комплетен преглед на детето и само доколку е потребна информација за здравјето која со прегледот не сме ја добиле.

Генерално, на децата им се потребни повеќе ртг панорамикс снимки, отколку на возрасните. Нивната уста расте и се менува рапидно. Според Светската здравствена организација (СЗО), се препорачува ртг панорамикс снимка на секои шест месеци кај деца со висок ризик од кариес. Се разбира помалку снимки ни се потребни кај деца со сочувано орално здравје.

Ние не препорачуваме правење на ртг снимка на деца под шестгодишна возраст и на бремени жени доколку нема витална загрозеност од некое заболување во орофацијалната регија.

 

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>