- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
Воспалените непца ги уништуваат забите
- Објавено: 30.01.2012 12:52
- Прочитано: 14977
- Печати
Воспалението на непцата или “ гингивит “ - како што стручно се нарекува, претставува патолошки процес локализиран околу вратот на забите. Се јавува како резултат на недоволна орална хигиена, начинот на исхрана, навиките и претставува одраз на вкупната состојба на организмот. Многу често е прв или единствен симптом за многу други општи заболувања во организмот.
Која е причината за појава на воспалението?
Воспалението започнува со плакот, кој претставува проѕирна леплива супстанца, а којашто се формира на забите при реакција на шеќерите од храната со бактериите кои нормално ги има во устата. Миењето на забите го отстранува плакот, но тој повторно се формира најчесто во рок од 24 часа. Доколку не се отстрани подолго од два до три дена, се стврднува и се формира таканаречен забен камен кој не може да се отстрани со четка, туку само со професионално чистење кај стоматолог. Колку повеќе плакот стои на забите толку повеќе ја иритира гингивата, поради што таа станува црвена, отечена и почнува лесно да крвави.
Често, воспалението е последица на кариозни заби, пушењето кое го поттикнува растот на бактериите во устата, лошите навики како ставање разни предмети во уста, но и неправилно поставените пломби и протетски направи. Од внатрешните фактори најчести причинители се стомачно цревните заболувања, дефицит на витамини, но може да се јави и при некои физиолошки состојби, како бременоста (како резултат на хормонско влијание ) и речиси при сите состојби на намален имунитет.
Како се манифестира воспалението?
Воспалението на непцата најчесто се манифестира со оток, црвенило и крвавење при миењето на забите. Во почетокот воопшто нема болка или таа е многу слаба па често воспалението се занемарува. Доколку не се отстрани причината, воспалението преминува во потешки случаи на гингивит и парадентоза. Понатаму, во зависност од реакцијата на организмот, може да дојде до пролиферација или прекумерно отекување на гингивата која може дури и целосно да го покрие забот и обратно, до повлекување на гингивата и оголување на забните вратови и коренот на забот кој е многу чувствителен на термички и хемиски дразби. Сето тоа е проследено со ненадејна и остра болка, а тоа се всушност првите знаци на парадентоза.
За жал, оваа е една од најчестите причини за рано губење на забите. Во овој случај, доаѓа до пропаѓање на потпорниот апарат на забот, а тоа е делот кој забот го држи цврсто на своето место. Како одраз на патолошките промени се појавуваат различни симптоми. Освен појавата на инфекција и оголување на вратот и коренот на забот, доаѓа до формирање на џебови, многу често се создава гноен процес кој доведува до расклатување и губење на еден или најчесто повеќе заби.
Спречување и лекување на воспалението
Превентивата е најдобра, најбрза, најевтина и најефектна метода.
Се состои од редовно и правилно миење на забите, употреба на забен конец за чистење на интерденталните простори и редовни прегледи кај стоматолог. На тој начин, воспалението ќе се елиминира во почетниот стадиум без да предизвика компликации. Од другите терапевтски методи во почетна фаза се прави професионално чистење и полирање на забите, кое денеска го правиме со ултразвук и посебни полирни пасти. Во поодмината фаза се прави обработка на веќе создадените пародонтални џебови како и локална или општа апликација на медикаменти. Во потешки случаи неминовна е и хируршка интервенција со цел да се спречи понатамошното ширење на воспалението и губење на забите. Најважно е да се отстрани причината за воспалението, а пациентот го мотивираме редовно да одржува хигиена на своите заби и да не посетува, како би се направиле контролни прегледи за состојбата на забите и непцата.
Од „народните лекови“ позитивно влијание имаат некои растителни чаеви, како чајот од жалфија или камилица кои го намалуваат воспалението на гингивата и ја помагаат нејзината регенерација. Изразен антиинфламаторен ефект има прополисот бидејќи делува на многу видови бактерии и вируси, а воедно има и благ анестетски ефект со што се ублажуваат симптомите од воспалението.
Денеска на пазарот постојат многу готови препарати за спречување и отстранување на почетните воспаленија во форма на забни пасти, водички за плакнење на устата и забите, таблети за смукање и слично.
Дали крвавењето е секогаш знак за паника?
Доколку не е предизвикано од механичко оштетување на слузницата крвавењето не мора да е знак за паника, но дефинитивно е знак дека треба да не посетите. Ние ќе ја одредиме причината за крвавењето и начините за негово лекување.
Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција
КРУНА МС
ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2
1000 СКОПЈЕ
+389 2 3166919
krunams@t-home.mk
![]() Последни коментари (вкупно: 0) |
Прочитај ги сите коментари: |
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
-
Прва консултација со ортодонт
објавено: 07.05.2012 13:29
-
Што е ортодонција?
објавено: 02.05.2012 13:49
-
Секс-терапијата помага на сигурен начин
објавено: 26.04.2012 13:32
Проблемите поврзани со предвремената ејакулација, еректилната дисфункција, тешкотиите при постигнување...
-
Највозбудливи места за секс
објавено: 17.04.2012 14:26
Научниците сметаат дека до проблеми во врската и прекин, доаѓа или поради неверство на партнерот или поради...
-
Сексот - еликсир на младоста и убавината
објавено: 28.03.2012 13:11
-
Во ушите може да ѕуни и поради проблемите со темпоромандибуларниот зглоб
објавено: 26.03.2012 13:21
-
Имплантите помагаат за разубавување на насмевката
објавено: 20.03.2012 11:04
-
Полово преносливи болести
објавено: 14.03.2012 11:09
-
Староста не е пречка за убава насмевка
објавено: 13.03.2012 11:47
-
Здрави заби за цел живот
објавено: 05.03.2012 14:44
-
Бисерна насмевка на секоја возраст
објавено: 29.02.2012 15:04
-
Колку безбедни се рендгенските снимки?
објавено: 21.02.2012 13:06
-
Дозволени и забранети активности за здрави непца
објавено: 13.02.2012 13:50
-
Воспалените непца ги уништуваат забите
објавено: 30.01.2012 12:52
-
Безболни ласерски зафати на мекото ткиво
објавено: 16.01.2012 11:13
-
Нова насмевка со естетски корекции
објавено: 09.01.2012 12:06
-
Белеењето на забите им го враќа сјајот
објавено: 02.01.2012 10:32
-
За празниците сѐ нека биде умерено
објавено: 28.12.2011 11:57
Со мали прилагодувања на традиционалното прославување на Нова година и Божиќ можете да уживате во...
-
Чепкалката за заби - спас од непријатни ситуации
објавено: 26.12.2011 10:55
-
Естетската стоматологија создава волшебна насмевка
објавено: 19.12.2011 11:09
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318