- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
За празниците сѐ нека биде умерено
- Објавено: 28.12.2011 11:57
- Прочитано: 13641
- Печати
Калоричната и солена храна, како и алкохолот се неизоставен дел од новогодишните и Божиќните празници. Мрсната храна може да има несакани ефекти на функцијата на ендотелот на крвните садови, зголемувајќи го нивото на холестерол во крвта. Вишокот внес на алкохол може да го зголеми крвниот притисок или да предизвика неправилна работа на срцето. Во тек на празниците не е исклучен ниту емоционалниот стрес. Студеното време од своја страна води до зголемен отпор во крвните садови, спазам на артериите во срцето (коронарните артерии), згуснување на крвта и формирање тромби. Сами или во комбинација, овие фактори можат да доведат до појава на кардиоваскуларни случувања, како што се срцев удар, мозочен удар, зголемување на крвниот притисок и компликации од него.
Со мали прилагодувања на традиционалното прославување на Нова година и Божиќ можете да уживате во празничното расположение притоа незагрозувајќи го своето здравје. За таа цел сакаме да Ве посоветуваме како безбедно и задоволно да ги поминете претстојните празници.
Неколку корисни совети
- Избегнувајте ги сите поттикнувачки фактори за кардиоваскуларни случувања: тешка физичка работа, прејадување, психички стресови, вишок солена храна, прекумерна консумација на алкохол.
- Редовно земајте ги препишаните лекови.
- Не го одложувајте прегледот кај кардиологот штом почувствувате градна болка, гушење, зголемување на крвниот притисок или други тегоби.
- Исхраната во текот на празниците треба да биде количински умерена. Консумација на печено црвено месо (на пр. јагнешко, свинско) е дозволена, но во количина до 100 грама дневно (парче големо како половина дланка). Препорачуваме избегнување на пржена и мрсна храна. Месото комбинирајте го со свежа зелена салата.
- Течности: Пијте вода или чаеви со малку шеќер или без шеќер. Вкупната дневна консумација на течности (вода, чај, сок, супа, алкохол, млеко) треба да биде 1,5-2 литра, доколку не Ви е препорачано поинаку. Алкохол: Црвеното вино е богато со антиоксиданси, кои го штитат срцето. Дозволена е консумација на 2 дл црвено вино за мажите и 1 дл за жените. Консумација на друг алкохол е дозволена, но исто така во минимална количина (на пр. една чашка ракија). Сокови: Избегнувајте да пиете газирани пијалаци (кока-кола, фанта и сл.), како и обоени овошни сокови. Се препорачува консумација на свежо приготвен домашен сок. Кафе: Дозволена е консумација на 1-2 кафиња дневно.
- Десерти: Тортите, колачите и чоколадите се неизоставен дел од новогодишните празници. Доколку уживате да јадете слатки производи можете да си дозволите, но само едно!
- Секојдневни прошетки се неопходни за одржување на кардиоваскуларниот систем. Препорачуваме прошетки во природа кога не е многу студено времето (на пр. во попладневните часови).
Ви посакуваме среќни и весели новогодишни и Божиќни празници, многу здравје и среќа во следната 2012 година.
Тимот на „Филип Втори“
![]() Последни коментари (вкупно: 0) |
Прочитај ги сите коментари: |
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
-
Прва консултација со ортодонт
објавено: 07.05.2012 13:29
-
Што е ортодонција?
објавено: 02.05.2012 13:49
-
Секс-терапијата помага на сигурен начин
објавено: 26.04.2012 13:32
Проблемите поврзани со предвремената ејакулација, еректилната дисфункција, тешкотиите при постигнување...
-
Највозбудливи места за секс
објавено: 17.04.2012 14:26
Научниците сметаат дека до проблеми во врската и прекин, доаѓа или поради неверство на партнерот или поради...
-
Сексот - еликсир на младоста и убавината
објавено: 28.03.2012 13:11
-
Во ушите може да ѕуни и поради проблемите со темпоромандибуларниот зглоб
објавено: 26.03.2012 13:21
-
Имплантите помагаат за разубавување на насмевката
објавено: 20.03.2012 11:04
-
Полово преносливи болести
објавено: 14.03.2012 11:09
-
Староста не е пречка за убава насмевка
објавено: 13.03.2012 11:47
-
Здрави заби за цел живот
објавено: 05.03.2012 14:44
-
Бисерна насмевка на секоја возраст
објавено: 29.02.2012 15:04
-
Колку безбедни се рендгенските снимки?
објавено: 21.02.2012 13:06
-
Дозволени и забранети активности за здрави непца
објавено: 13.02.2012 13:50
-
Воспалените непца ги уништуваат забите
објавено: 30.01.2012 12:52
-
Безболни ласерски зафати на мекото ткиво
објавено: 16.01.2012 11:13
-
Нова насмевка со естетски корекции
објавено: 09.01.2012 12:06
-
Белеењето на забите им го враќа сјајот
објавено: 02.01.2012 10:32
-
За празниците сѐ нека биде умерено
објавено: 28.12.2011 11:57
Со мали прилагодувања на традиционалното прославување на Нова година и Божиќ можете да уживате во...
-
Чепкалката за заби - спас од непријатни ситуации
објавено: 26.12.2011 10:55
-
Естетската стоматологија создава волшебна насмевка
објавено: 19.12.2011 11:09
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318