- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
Нова насмевка со естетски корекции
- Објавено: 09.01.2012 12:06
- Прочитано: 14119
- Печати
Реконструкцијата на насмевката подразбира каква било комбинација на естетски дентални процедури кои се вршат со цел да се подобри изгледот на насмевката и корeгира речиси секој проблем. Доколку се сложувате со која било од следните изјави, потребна ви е реконструкција на насмевката:
- Не ми се допаѓа насмевката.
- Забите ми се искривени.
- Забите не ми се рамномерни.
- Забите ми се поткршени или искршени.
- Имам празнини од извадени заби.
- Имам грди расцепи помеѓу забите.
- Непријатно ми е да се смеам.
- Лошата насмевка ми претставува непријатност во приватниот и професионалниот живот.
- Имам дамки и шаренило на забите.
Во сите наведени случаи не треба да се двоумите за чекорот што треба да го преземете. Решението е едноставно, овозможете му на вашето лице блескава насмевка.
Реконструкцијата на забите ги вклучува следните методи:
- Исправување на искривени заби
- Корекција на поткршени и искршени заби
- Замена на извадени заби
- Пополнување на расцепи помеѓу забите
- Корекција на спуштени непца
- Избелување на дамки на забите
- Решенија на многу други проблеми.
Крајниот резултат на примената на техниките на реконструкцијата на забите е бела и рамномерна насмевка.
Реконструкцијата на насмевката најчесто се прави со порцелански ламинати, коронки и/или порцелански инлеи. Ламинатите претставуваат тенок слој на порцелан што се поставува врз предната површина на забите. Тие имаат природен изглед и овозможуваат драматична промена на должината, ширината, бојата и формата на забите. Исто така, се отпорни на дамки, а како резултат се создава долготрајна бела, рамномерна и прекрасна насмевка. Порцеланските коронки и инлеи ги нудат истите придобивки.
Откако стоматологот и пациентот ќе одредат која насмевка е најдобра за пациентот, земаме отпечаток од забите на пациентот. Потоа, во лабораторијата создавамe восочен модел од поправените заби и реконструираната насмевка. Пациентот и стоматологот го прегледуваат овој модел, се прават евентуални поправки, а потоа се враќа во лабораторијата. Новите заби на пациентот се прават според овој восочен модел и најчесто претставуваат комбинација од ламинати, коронки и инлеи од порцелан.
Следната процедура се состои во подготвување на забите на пациентот, земање нови отпечатоци и поставување привремени навлаки врз подготвените заби на пациентот. Кога порцеланските навлаки ќе бидат готови, ги отстрануваme привремените навлаки и ги поставува порцеланските.
Во процесот на реконструкцијата на насмевката користиме различна технологија, меѓу кои се издвојуваат:
Интраорална камера - мала камера во облик на пенкало која дава зголемен приказ на забите и помага при дијагноза на потребниот третман за секој заб.
Дигитална слика - со оваа алатка ги обработуваme сликите од забите на пациентот и создаваме приказ на изгледот на реконструираната насмевка уште пред да се започне со процедурата.
Ласер за меко ткиво - овој ласер служи за обликување на непцата.
Заздравувањето е исто како и при секоја стоматолошка процедура, при што е можна чувствителност на непцата неколку дена по поставување на ламинатите. Лековите против воспаление, како кетоналот или беналгинот, помагаат во намалување на чувствителноста на непцата.
По една до две недели може да се јави потреба од прилагодувања на ламинатите. Но, бидете спокојни, бидејжи не постојат познати компликации поврзани со реконструкција на насмевката.
Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција
КРУНА МС
ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2
1000 СКОПЈЕ
+389 2 3166919
krunams@t-home.mk
![]() Последни коментари (вкупно: 0) |
Прочитај ги сите коментари: |
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
-
Прва консултација со ортодонт
објавено: 07.05.2012 13:29
-
Што е ортодонција?
објавено: 02.05.2012 13:49
-
Секс-терапијата помага на сигурен начин
објавено: 26.04.2012 13:32
Проблемите поврзани со предвремената ејакулација, еректилната дисфункција, тешкотиите при постигнување...
-
Највозбудливи места за секс
објавено: 17.04.2012 14:26
Научниците сметаат дека до проблеми во врската и прекин, доаѓа или поради неверство на партнерот или поради...
-
Сексот - еликсир на младоста и убавината
објавено: 28.03.2012 13:11
-
Во ушите може да ѕуни и поради проблемите со темпоромандибуларниот зглоб
објавено: 26.03.2012 13:21
-
Имплантите помагаат за разубавување на насмевката
објавено: 20.03.2012 11:04
-
Полово преносливи болести
објавено: 14.03.2012 11:09
-
Староста не е пречка за убава насмевка
објавено: 13.03.2012 11:47
-
Здрави заби за цел живот
објавено: 05.03.2012 14:44
-
Бисерна насмевка на секоја возраст
објавено: 29.02.2012 15:04
-
Колку безбедни се рендгенските снимки?
објавено: 21.02.2012 13:06
-
Дозволени и забранети активности за здрави непца
објавено: 13.02.2012 13:50
-
Воспалените непца ги уништуваат забите
објавено: 30.01.2012 12:52
-
Безболни ласерски зафати на мекото ткиво
објавено: 16.01.2012 11:13
-
Нова насмевка со естетски корекции
објавено: 09.01.2012 12:06
-
Белеењето на забите им го враќа сјајот
објавено: 02.01.2012 10:32
-
За празниците сѐ нека биде умерено
објавено: 28.12.2011 11:57
Со мали прилагодувања на традиционалното прославување на Нова година и Божиќ можете да уживате во...
-
Чепкалката за заби - спас од непријатни ситуации
објавено: 26.12.2011 10:55
-
Естетската стоматологија создава волшебна насмевка
објавено: 19.12.2011 11:09
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318