Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Безболни ласерски зафати на мекото ткиво

  • Објавено: 16.01.2012 11:13
  • Прочитано: 14410
  • Печати

Позната е изреката дека убавиот збор отвора железни врати. Но, слободно истото можеме да го кажеме и за убавата, блескава насмевка. Покрај редовната и темелна орална хигиена, потребно е да се прават и редовни посети кај стоматолог. Понекогаш, за жал, се појавуваат непредвидени ситуации во кои треба да се интервенира на поинаков начин, а сето тоа е од исклучителна важност за здравјето на вашите заби и усната празнина.Одредени  стоматолошки процедури подразбираат хируршки зафат на меките ткива во устата (најчесто непцата). Во овие зафати спаѓаат: ремоделирање на непцето (гингивопластика), отстранување на непцето (гингивектомија) и отстранување на ткивото што ги поврзува усната, непцето и/или јазикот со долниот дел од усната празнина (френектомија). 

Гингивопластика - ремоделирање на непцето

 Кај некои луѓе непцето не расте на соодветното место, особено доколку трајните заби не растат плански. Во овие случаи непцата понекогаш растат до тој степен што ја покриваат целата горна третина од забите. На овој начин, при насмевнувањето најмногу до израз доаѓаат непцата, а помалку забите. Корекцијата е една од наједноставните процедури во естетската стоматологија. Притоа се применува следнава процедура: забите и непцата се анестезираат со локален анестетик, а потоа ги ремоделираме непцата и на тој начин се издолжува појавата на забите. 

Гингивектомија 

Здравите непца се важен дел од личната појава. Но, понекогаш непцата растат по површината на забот, при што насмевката се нагрдува и луѓето често се срамат, а поради тоа страда и самодовербата. Гингивектомијата е хируршка процедура со која се отстранува мал дел од непцето околу забот или забите. Најчесто се користи за ремоделирање на непцата и добивање на поубава насмевка, но има своја примена и во случаи кога треба да се отстрани заболен заб или да се постави пломба. И гингивектомијата е релативно едноставна хируршка процедура. Правиме мал засек, а потоа го отстрануваме вишокот на ткиво со посебен инструмент. 

Френектомија

Френулум е ткивото кое ги поврзува подвижната усна или образот со непцето. Во некои случаи, доаѓа до попречување на нормалното подредување на забите или да повлекување на непцето. Хируршкиот зафат кој што е решение за овој проблем се нарекува френектомија. Доколку не се лекува, состојбата може да резултира со повлекување на непцата. Кај одредени пациенти френектомијата се извршува заради затворање на празнината (дијастемата) меѓу предните заби. Лингвалната френектомија подразбира отстранување на френулумот под јазикот. Овој третман најчесто се препорачува за пациентите кои имаат краток и затегнат френулум, поради што тешко изговараат одредени звуци и букви. 

Традиционални третмани

Традиционалните третмани за овие состојби подразбираат мали хируршки зафати за да се отстрани непотребното ткиво. Зафатот се врши со скалпел и локална анестезија, при што доаѓа до крвавење, за чие целосно заздравување се потребни две недели. 

Ласерски третман

Ласерскиот третман ја елиминира потребата од зашивање и употреба на скалпел. Бидејќи ласерот го подгорува ткивото, процедурата е безболна и нема крвавење. Како и третманот, така и периодот на заздравување е многу пократок. 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>