Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Што е ортодонција?

  • Објавено: 02.05.2012 13:49
  • Прочитано: 12284
  • Печати

Ортодонцијата е гранка на стоматологијата посветена на дијагноза, превенција и третман на проблеми со порамнувањето на забите и вилиците. Ортодонтскиот третман предвидува дизајнирање и употреба на помагала за корекција, како што се протези, брекети, хедгер, микроимпланти, функционални помагала и слично, кои се користат за да се постигне правилно порамнување на забите и вилиците. Клучното биолошко правило кое им овозможува на ортодонтите да ги поместуваат забите се темели на фактот дека коскеното ткиво кај луѓето, како и останатите делови од нашето тело, постојано се регенерира на клеточно ниво, без разлика на возраста на луѓето. 

Корените на забите се засидрени во вилицата, па оттаму одговорот на прашањето „Колкав временски период е потребен за да се придвижат забите во нивната идеална положба?“ зависи од брзината на клеточната регенерација на коскеното ткиво. За да можат законите на физиката да се аплицираат на биологијата на човекот многу комплексни и внатрешни фактори треба да се земат в предвид и да се разберат. Секој пациент претставува уникатно човечко битие, поради што секој ортодонтски третман е, исто така, единствен. 

 

Кога треба да се започне со ортодонтскиот третман?

 

Иако ортодонтскиот третман е поволен за секого, на секоја возраст од седум до седумдесет и седум години, идеалниот момент за почеток на третманот е во периодот пред или во раниот период на пубертетот. Бидејќи сложеноста и должината на третманот се зголемува пропорционално со возраста на пациентот, раниот третман на денталните малоклузии заштедува време и пари.

 

Кој се занимава со ортодонција?

 

Ортодонтот е високо квалификуван и обучен доктор кој поседува дипломи за стоматолог и специјализација на полето на ортодонцијата. Ортодонтот соработува со семејниот стоматолог за да создаде третман кој конкретно одговара на потребите на пациентот.

 

 

Кои се најчестите ортодонтски проблеми?

 

Збиени заби

Проблемот со збиени заби е еден од најчестите ортодонтски проблеми кој дава неубав изглед и дополнителни проблеми при чистење на забите.

 

Испакнати (протрудирани) заби

Испакнатите заби имаат неубав изглед и се подложни на заболувања. Во овие случаи, забите од долната вилица често го поттиснуваат и оштетуваат непцето зад предните заби од горната вилица.

 

Обратен загриз

Во случајот на обратен загриз, предните заби од долната вилица се испакнати кон напред и поставени пред предните заби од горната вилица.

Обратниот загриз изгледа мошне неубаво и придонесува кон нерамномерно трошење на предните заби.

 

Длабок загриз

Во случајот на длабок загриз, предните заби од горната вилица ги покриваат истите од долната вилица.

Длабокиот загриз придонесува кон зголемено трошење на предните заби и оштетување на непцето зад предните заби на горната вилица.

 

Отворен загриз

Отворениот загриз се јавува кога забите не се спојуваат. Оваа малоклузија предизвикува проблеми при исхрана, со говорот и прекумерно трошење на забите кои не се спојуваат со своите двојници од другата вилица. Отворениот загриз, исто така, дава и неубав изглед.

 

Вкрстен загриз

Забите од горната вилица треба да се спојуваат со своите двојници од долната вилица. Доколку горната е премногу тесна, долната вилица се накривува кон лево или десно, за да можат сите заби да ги најдат своите двојници и да се спојат со нив. Како резултат на овие активности се јавува вкрстениот загриз.

 

Заби кои недостасуваат

Проблемот со заби кои недостасуваат дава навистина грд изглед.

Доколку се поместат сите заби во соодветна и правилна позиција, се создава доволно простор за замена на оние кои недостасуваат.

 

Цицање на палец

Цицањето на палецот (или прстите) може да ги деформира околните заби или коската во нивната основа.

 

Останати проблеми

Потребно е да се консултирате со ортодонт доколку се справувате со:

- проблеми при џвакање и гризење

- проблеми во говорот

- чкрипење со или стегање на забите

- непријатни звуци при мрдање со вилиците или нивно изместување.

 

 

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>