- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
Во ушите може да ѕуни и поради проблемите со темпоромандибуларниот зглоб
- Објавено: 26.03.2012 13:21
- Прочитано: 17923
- Печати
Секој од нас има по два темпоромандибуларни зглоба, по еден од левата и десната страна. Се наоѓаат под ушите каде темпоралната коска се спојува со долната вилица. Потпора им даваат лигаментите и мускулите кои се одговорни за придвижување на долната вилица. Темпоромандибуларните зглобови се едни од најсложените зглобови во човечкото тело. Се отвараат и затвораат како ножици и лизгаат кон напред, кон назад и на страна. При актот на џвакање издржуваат постојан, силен притисок. Помеѓу зглобот и коската постои ‘рскавица која се вика диск и кој спречува долната вилица и черепот да се тријат еден од друг.
Симптоми за нарушувања на ТМЗ
- Најчест симптом на ТМЗ нарушувањето е болката, заедно со интензивно чувство на неудобност, не само во лицето и зглобот на вилицата, туку и вратот и рамењата.
- Чувство на преголемо истегнување во зглобовите и грчеви во мускулите.
- Болка при движење на вилицата, на пример при зборување или проѕевање. Можни се и болки во увото, ѕвонење во ушите, а дури и губење на слухот.
- Звуци како крцкање или пукање при движење на зглобот, кои може да ги слушнат и луѓето околу вас.
- Можен оток на лицето и устата.
- Поместување на забите или промена во загризот.
- Потешкотии при целосно отворање на вилицата или изместување на вилицата на една страна после нејзиното отворање.
- Проблем при голтање.
- Мачнина, главоболка или вртоглавица.
Дијагнозирање на нарушувањата на ТМЗ
Бидејќи нарушувањето на ТМЗ е проследено со напад на болка, во нашата ордианција може да се најде решение за овој порблем. Ќе го измериме интензитетот на болката со помош на тестот со стискање. Доколку почуствувате болка во кој било заб при загризување, ќе го дијагностицираме нарушувањето на ТМЗ. За да ја потврдиме дијагнозата и ја оцениме позицијата на ТМЗ, ќе направиме отпечаток од вашиот загриз и истиот ќе го поставиме на артикулатор. Истовремено ќе ви направиме и специјална ртг снимка на двата зглоба во отворена и затворена позиција. Со овие тестови, ние можеме да одредиме дали има структурни нарушувања во зглобот или, пак, зглобот е под влијание на други фактори, како што се забите.
Третман на нарушувањата на ТМЗ
Ортодонција
Многу мал број случаи на нарушувања на ТМЗ се доволно сериозни за да има потреба од операција. Повеќето проблеми со загризот може да се корегираат со ортодонтски третман.
Протетика
Доколку не постои структурно нарушување на зглобот, а ние забележиме пречки кои влијаат на загризот, може да ви предложиме корекција со помош на протетска изработка.
Оклузален еквилибриум
Овој третман е најчестиот избор за отстранување на пречките и овозможување правилно затворање на вилицата. Вклучува менување на површината на забите кои се вклучени во загризот. Пред да го препорачаме овој третман, ние ги прегледуваме оклузијата и зглобовите.
Сплинт
Можеме да ви поставиме пластични штитници-сплинтови кои имаат улога на заштита на устата, за да ги заштити горните и долни заби. Овој сплинт или шина може да ги заштити забите од лошото крцкање преку ноќ. Доколку шината ви предизвикува болки, не ја употребувајте и консултирајте се со нас.
Хируршки третман
Доколку проблемот со кој што се соочувате настанал поради структурно нарушување и доколку оклузалното еквилибрирање или сплинтот не помагаат против болката, ќе ви препорачаме да направите нова рентгенска снимка. Исто така, препорачуваме и снимање со магнетна резонанца, за да добие увид во меките ткива кои го опкружуваат зглобот. Во одредени случаи, може да побарме и скенирање со компјутерска томографија, за да ги провери и коскените делови од вилицата. На крајот, во зависност од резултатите од горенаведените снимки, можеме да препорачаме ортодонтско решение, или решение по пат на максило-фацијална хирургија и да ве упатиме кај максило-фацијален хирург.
Што треба да очекувате за време на операцијата?
Оперативниот зафат се врши под локална анестезија. Две игли се инсертираат во темпоромандибуларниот зглоб, од кои едната е поврзана со шприц полн со раствор за чистење, додека другата служи за дренажа на течноста. Оваа процедура се користи за миење на зглобот. Во некои случаи, хирургот се користи и со алатка слична на скалпел, за да ги отстрани сите непотребни ткива од зглобот.
Ортоскопија
Ортоскопијата е уште еден вид хируршки зафат кој што се користи за третман на ТМЗ. При овој зафат се врши засек на слепоочницата, за да се вметне ендоскоп. Со помош на ендоскопот стоматологот може да ги види и отстрани непотребните ткива или да го намести дискот.
Оперативен зафат на отворен зглоб
Ова е единствениот зафат што нуди пристап до тумори, лузни или оштетена структура на коската.
Прва помош за ТМЗ
- Ставајте топли и студени облоги на лицето за да ја намалите болката
- Избегнувајте зевање или други долготрајни движења на вилицата и ограничете го притисокот што го ставате на вилицата
- Јадете само мека храна и одбегнувајте храна која требна јако да се меле со забите.
- Доколку веќе имате започнато со некој третман на забите, не го прекинувајте.
- Масажите и третманите со биоенергија можат, исто така, да помогнат во намалување на болката.
- Лекови против воспаление, за смирување и анти-депресантите нудат олеснување на болката.
- Стоматолошките помагала, како гардовите за уста, можат да го намалат крцкањето со забите, со што се подобрува загризот и и се овозможува на долната вилица соодветно да влезе во МТЗ.
Внимавајте, бидејќи само искусен стоматолог специјалист во тим со максило-фацијален хирург треба да ги вршат третманите на ТМЗ.
Контролни прегледи по завршување на третманот
По завршување на третманот против нарушувањето на ТМЗ, следете ги нашите упатствата, вклучително препишаните лекарства, топли и студени облоги или вежбите за вилица. Доколку има потреба од контролен преглед со хирургот, внимавајте да не го пропуштите.
Превенција против нарушувања на ТМЗ
Доколку повремено почуствувате болка во вилицата, избегнувајте тврда храна, гуми за џвакање или гризење на тврди нешта. Придржувајте ја долната вилица при проѕевање или воопшто не се прозевајте. Доколку забележите дека навечер крцкате со забите или ја стегате вилицата, побарајте совет од нас.
Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција
КРУНА МС
ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2
1000 СКОПЈЕ
+389 2 3166919
krunams@t-home.mk
Објавено: 23.05.2013 22:28
jadranka:
Zdravo !!! Jas imam problem veke 3 god.so desniov zglob na vilicava.Izvadeni mi se 6,5,4 ,a trojkata mi e napravena operacija.Imam snimka na zglobot i mi e poesten.Cela rabota e toa sto me boli ponekogas i uvoto kako da osekam toplina,a mi napravija i proteza kako da ima od dvete ramnoteza,ama osekam i peckanje po liceto .Bi vi bila blagodarna za vase mislenje dali bi mozelo nesto da pomogne ,zasto ova cuvstvo me pravi nervozna.Vi blagodaram odnapred. pozdrav
Објавено: 26.04.2013 19:31
Тања:
Почитувани!
Морав повторно да се навратам да прочитам усте еден ваков текст!
Моите болки започнаа точно во 03 часот на 28 јуни 2012 година. Многу јака болка почуствував во пределот на цело лево уво, дел од левото око и вратот, од грлото надолу. Се напив таблети за да ми се смират болките, воопшто не помогнаа. Веднаш утрото отидов на ОРЛ, од тука на РТГ, па на Неврологија, потоа на Компјутерска томографија. Констатираа дека се шинати ТМЗ. Ми дадоа терапија од медикаменти која воопшто не ми помогна. Болките се враќаа постојано. ослабев 10 кг. Се додека на 28 јануари 2013 година, стоматолог-максилофацијален хирург, не ми ја фиксира вилицата. Едноставно со жици ми ги спои (стегна) вилиците за да не се поместуваат. Верувајте дека вечерта спиев без средства за болки.
Се обратив потоа кај ортодонт кој ме посоветува да не читам многу.
Сега си велам и ке пишувам!
Верувам дека ова искуство некому и тоа како ке помогне!
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
-
Прва консултација со ортодонт
објавено: 07.05.2012 13:29
-
Што е ортодонција?
објавено: 02.05.2012 13:49
-
Секс-терапијата помага на сигурен начин
објавено: 26.04.2012 13:32
Проблемите поврзани со предвремената ејакулација, еректилната дисфункција, тешкотиите при постигнување...
-
Највозбудливи места за секс
објавено: 17.04.2012 14:26
Научниците сметаат дека до проблеми во врската и прекин, доаѓа или поради неверство на партнерот или поради...
-
Сексот - еликсир на младоста и убавината
објавено: 28.03.2012 13:11
-
Во ушите може да ѕуни и поради проблемите со темпоромандибуларниот зглоб
објавено: 26.03.2012 13:21
-
Имплантите помагаат за разубавување на насмевката
објавено: 20.03.2012 11:04
-
Полово преносливи болести
објавено: 14.03.2012 11:09
-
Староста не е пречка за убава насмевка
објавено: 13.03.2012 11:47
-
Здрави заби за цел живот
објавено: 05.03.2012 14:44
-
Бисерна насмевка на секоја возраст
објавено: 29.02.2012 15:04
-
Колку безбедни се рендгенските снимки?
објавено: 21.02.2012 13:06
-
Дозволени и забранети активности за здрави непца
објавено: 13.02.2012 13:50
-
Воспалените непца ги уништуваат забите
објавено: 30.01.2012 12:52
-
Безболни ласерски зафати на мекото ткиво
објавено: 16.01.2012 11:13
-
Нова насмевка со естетски корекции
објавено: 09.01.2012 12:06
-
Белеењето на забите им го враќа сјајот
објавено: 02.01.2012 10:32
-
За празниците сѐ нека биде умерено
објавено: 28.12.2011 11:57
Со мали прилагодувања на традиционалното прославување на Нова година и Божиќ можете да уживате во...
-
Чепкалката за заби - спас од непријатни ситуации
објавено: 26.12.2011 10:55
-
Естетската стоматологија создава волшебна насмевка
објавено: 19.12.2011 11:09
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318
Објавено: 24.02.2014 16:53
monika:
zdravo pred 5 godini mi pocnaa bolki vo okolu uvoto zglobot probav so inekcii i antibiotici mi kazaa deka nervot e osteten i zglobot se izmestue i imam mn jaki bolki nisto ne pomaga ,, ve molam pisete nekoj sovet bidejki nemozam poveke da gi trpam ovie bolki blagodaram odnapred