Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Порцелански ламинати за совршен изглед на забите

  • Објавено: 30.07.2012 12:24
  • Прочитано: 13370
  • Печати

Порцеланските ламинати се прават индивидуално за секој пациент  и се поставуваат преку забите со цел да се подобри нивниот изглед и да се корегира какво и да е оштетување или деформација. Тие можат драстично да ја изменат насмевката на луѓето и да им помогнат во градењето на поголема самодоверба. Во 20-те и 30-те години од минатиот век, актерите и другите јавни личности правеле се, заменувајќи ги забите со вештачки, само за да имаат подобра насмевка. За среќа, оваа радикална процедура им го отстапи местото на ламинатите, кои претставуваат далеку поестетски и за пациентите покомфорен  пристап. Ламинатите се главниот фактор за блескавите насмевки на холивудските ѕвезди, бидејќи ја имаат моќта брзо да го сменат природниот процес на стареењето на забите. За овие пациенти, ламинатите се исто како лифтингот на лицето. Ламинатите можат да се употребат во решавање на голем број естетски стоматолошки проблеми. Со нив може комплетно да се смени бојата и формата на  забите, да се затвори минимално растојание меѓу забите (дијастема), во одредени случаи да се корегираат неправилности на забите со што би се избегнало носење на протези (брза ортодонтска терапија), помагаат при корекција на поткршени и неправилни заби и создаваат атрактивна и младешка насмевка. Процедурата на ставање ламинати се состои од состружување на тенок дел од надворешниот слој на забот т.е емајлот (0,5 – 0,8 мм), после што се прави модел од забите на пациентот. Тој носи привремени ламинати додека се подготвуваат трајните (неговите. Откако ќе се подготват трајните ламинати, тие се поставуваат на забите. На овој начин забите добиваат поубав изглед и поголема цврстина. Целосната процедура трае една недела.

Ултра тенки порцелански ламинати - естетика без стружење на забите, без болка и без анестезија.
Дали сонувате за нова насмевка? Дали сакате побели, поголеми, помладешки заби? Дали при тоа сте загрижени за стружењето на забите и за отстранувањето на здравата глеѓ од забите? Дали се плашите од болката и анестезијата?  Доколку е така, вие сте кандидат за ултратенките порцелански ламинати кои нудат естетика без стружење на забите, без болка и без анестезија. Нивната дебелина се движи околу 0,2 до 0,3 мм, а целата процедура во нашата ординација трае три дена и се завршува со само две посети. Првата трае само 30 минути, кога точно се поставува индикацијата за овој тип ламинати кои најчесто се користат за корекција на бојата и формата на забите и за затворање на дијастемите (празнини) помеѓу забите. Онаму каде што малформациите се поголеми истите можат да се комбинираат со класичниот метод на препарација, а за идеални резултати секако треба да се земат предвид, таму каде што се потребни,ортодонскиот третман и белеењето на забите како чекор до совршена хармонија и естетика во устата. Потоа се зема отпечаток кој се испраќа во нашата лабораторија каде на единствен начин се изработуваат ултра тенките ламинати. Бидејќи овие ламинати се потенки од класичните,техничката изработка бара скапа технологија, како и повеќе вештина и уметност во креацијата на забниот техничар.

Постигнувањето на вистинската боја е предизвик кај ултра тенките ламинати. Но, сето ова е потребно за да се постигне креација на совршена насмевка.

При втората посета истите се местат, повторно без анестезија и без стружење.

Добра вест е тоа што доколку еден ден посакате да се врати вашата стара насмевка, тоа е можно на многу лесен начин. Едноставно треба да дојдете во нашата ординација и ние безболно ќе ги отстраниме.

Со безметалната керамика, естетската стоматологија се доближи до своето совршенство па неминовно беше следниот чекор во развојот да биде што побезболна и понеинвазивна процедура за нивна изработка и секако главниот императив - да се зачува што повеќе од забната структура која со стружењето неповратно се уништува. Ултра тенките порцелански ламинати се метод на избор, но само кога се правилно индицирани и кога се користи правилна техника за нивна изработка.

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>